Пуканките секогаш се наоѓаат на листата со најздрави грицки. Tие имаат и многу здравствени бенефиции за нас.
Пуканките се направени од зрна на пченка и се грицки со скриени хранливи вредности. Пуканките можете да ги јадете во солена и блага варијанта. Која и да ја преферирате, пуканките се одлични грицки, особено додека гледате телевизија. Ако сакате да јадете пуканки, тогаш дефинитивно мора да ги знаете здравствените предности на оваа намирница.
Цели зрна: Пуканките се направени од зрна од пченка, а целите зрна не можат да бидат лоши за вашето здравје. Тие се богати со влакна како овошјето и зеленчукот, што ги прави многу подобри грицки од чипсот и бургерите. Пуканките кои ги купувате надвор можат да бидат нездраво подготвени, па затоа, секогаш подготвувајте ги дома во тава со малку масло.
Антиоксиданси: Истражувачите откриле дека пуканките содржат полифеноли (антиоксиданс). Овој антиоксиданс е многу посилен од витамините Ц и Е. Полифенолот ги исфрла токсините од телото и го подобрува имунолошкиот систем. Истражувачите откриле дека една порција пуканки има 300 мг полифенол (13 проценти од просечната потрошувачка потребна на дневна база за здраво тело). Овој антиоксиданс го забавува стареењето, го лекува запекот, ја подобрува работата на цревата, го подобрува срцевиот ритам и спречува појава на рак.
Нерастворливи влакна: Постојат два вида на влакна, растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите се разложуваат во вода, а нерастворливите не се разложуваат во вода, но се движат низ цревата истовремено апсорбирајќи се.
Нерастворливите влакна даваат притисок на цревата и лекуваат запек. Пуканките се грицки од цело зрно богати со нерастворливи влакна. Тоа значи дека пуканките лесно се преработуваат и не ве прават подебели. Како и овошјето и зеленчукот, пуканките се богати со нерастворливи влакна кои лекуваат запек. Нерастворливите влакна прават да се чувствувате сити долго време. Значи, нема да чувствувате глад подолго време.
Ова се неколку од здравствените предности на пуканките. Ако навистина сакате тие да бидат хранлив оброк, тогаш подготвувајте ги исклучиво сами. Исфрлете ги од исхраната пуканките кои се подготвуваат во микробранова печка, бидејќи тие се многу богати со калории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.