| четврток, 6 декември 2018 |

Пишев: Каде се четирите милиони евра во буџетот на Струмица од Касарната и Агрокор?

Бесрамно е и лицемерно проекти кои се ветени, но не се реализирани од Зоран Заев сега да се преточуваат во амандмани, рече Васил Пишев на денешната амандманска расправа за година, реплицирајќи му на пратеникот од опозициската СДСМ, Орце Панчев.

– Зошто не ги реализираше Зоран Заев, нели се фалеше дека буџетот му е полн? Колега Панчев, по Нова година продадовте осум плацеви од Касарната. Осум плацеви од кои инкасиравте 1,2 милиони евра. Вчера прашав од тие осум плацеви, пет се дадени за да се градат пет згради по 400 илјади евра, тоа се два милиона евра во буџетот на општина Струмица. И ако се сеќавате во август се продаде земјиштето на Агрокор за 650 илјади евра, а Заев се сеќавате кога беа изборите за градоначалници, ова место го зеде за 70 илјади евра и сакаше после да го препродаде и да печали 1 милион евра. И сега во буџетот имаме четири милиони евра, каде се тие пари? Парите ги нема, ама зошто ги нема, затоа што доаѓаат избори – рече Пишев.

Сега, дадава Пишев, во градското подрачје на Струмица се асфалтираат улици кои се во добра состојба само за да се замачкаат очите на граѓаните и за да се исперат парите.

– Јас ќе кажам каде се парите на Заев. Два месеци бевте кампери пред Владата. Народот беше од Струмица, од „Комуналец“, од пожарната, професори, кој ли не. Тоа чини пари, доручек, ручек, вечера, дневници. Имате внесено четири милиони евра во буџетот за една година. А плус буџетот од 17 милиони евра што го имате?- изјави Пишев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top