| четврток, 6 декември 2018 |

Голем шок за Платини, ФИФА ја отфрли кандидатурата за претседател

Претседателот на УЕФА и поранешен најдобар светски фудбалер, Французинот Мишел Платини, можеби го доживеа најголемиот шок во неговиот живот.
Откако пред десетина дена тој беше суспендиран поради примање пари од ФИФА за совети, денеска реномираниот француски весник „Лекип“ објави дека кандидатурата за претседател на ФИФА е отфрлена. Според весникот, причина за тоа е фактот што во овој момент Платини ја одлежува суспензијата од 90 дена.

Ако суспензијата биде тргната или кога ќе истече, изборната комисија на ФИФА повторно ќе заседава за да донесе конечна одлука во врска со кандидатурата на Платини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top