| четврток, 6 декември 2018 |

„Рекорд“ ќе стане пешачка зона

Улицата „Димитрија Чуповски“ во строгиот центар на Скопје, попозната како „Рекорд“, ќе стане шеталиште, а по коловозот ќе може да се движат само автобусите од јавниот превоз.

Ова е предвидено во последните измени на детаљниот урбанистички план за „Мал ринг“, според кој, автомобилите нема да може да возат од трговскиот центар „Палома бјанка“ до раскрсницата пред Собранието на Република Македонија.

Општина Центар овие измени во планот ги вметнала на барање на Град Скопје. Доколку планот се реализира и навистина голем дел од улицата се претвори во шеталиште, Скопје ќе добие уште една атрактивна пешачка зона во центарот, од типот на улицата „Македонија“, особено што Градот планира да ги обнови во класичен стил фасадите на речиси сите станбени објекти што се на улицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top