Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека Западот е нем пред фактот дека во Сирија од почетокот на граѓанската војска се убиени 336 илјади лица.
Ердоган говореше за Сирија во вчерашното обраќање пред учесниците на Конференцијата за борба против ерозија и климатски промени (УНЦЦД), која е одржана во Анкара.
Тој упати остри критики до меѓународната заедница бидејќи не прави ништо против уништувањето на голем дел од историското, материјалното и духовното културно наследство на човештвото, со застрашувачки податок дека масакрирани се повеќе од триста илјади цивили.
– Не важи ли најосновото право на живот, кое го уживаат на Запад исто така и за земјите, кои се помалку развиени – праша Ердоган.
Тој нагласи дека главна причина за глобалните проблеми, со кои се погодени сите луѓе на планетата е тоа што човекот како живо суштество е изолиран од своето еколошко опкружување.
– Во светот, во кој свеста се претвора во пустина, невозможно е да се избегне на ист начин да се деградира и земјиштето – заклучи турскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.