Советот на јавни обвинители на денешната седница не ја стави на дневен ред точката за избор на јавни обвинители на Специјалното јавно обвинителство.
– Од еден член на Советот на јавни обвинители беше предложено како дополнување да биде и точката за избор на јавни обвинители на Специјалното обвинителство. Јас добив образложение дека досега нема дадено нови околности или предложено други кандидати, или да образложи зголемување на обемот на работа. Освен тоа писмо што го добивме, од Катица Јанева добивме иста листа на кандидати – изјави денеска по завршувањето на седницата претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски.
Тој рече дека гласале и решиле таа точка да не се стави на дневен ред, туку за неа да се размислува и разговара на една од наредните седници за потребите на Специјалното јавно обвинителство.
Аневски додаде дека на седницата присуствувале претставници од ОБСЕ и од Амбасадата на САД. Тој ја повика Јанева да дојде во Советот и да разговараат за излез од настаната ситуација.
– Вратата за Катица Јанева во Советот на јавни обвинители е отворена и во секое време може да дојде и да разговараме за да се најде излез од оваа криза – рече Аневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Советниците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата на советот на општина Куманово
-
Седница на СБ на ОН за работата на Хашкиот трибунал
-
ДУИ и СДСМ немаат мнозинство во советот во Тетово – се чека на меѓупартиски договор
-
Писмо од една домаќинка: Најважниот совет за чистење на куќата која секоја жена треба да го прочита!