Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер свика вонредна средба посветена на бегалската криза на Балканот, јави БТА.
Средбата е закажан за в недела вечер во седиштето на ЕУ во Брисел и на неа се поканети премиерите на Македонија, Австрија, Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Србија, Унгарија и Хрватска, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, како и претставници на Фронтекс и на ОН.
– Бегалскиот прилив на Балканот бара брз одговор- соопшти Европската комисија во најавата на средбата, додавајќи дека цел е собирот е „постигнување договор за заеднички мерки што треба да бидат неодложно спроведени“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста
-
Барам почитувањe: Јункер се пожали дека имал проблем со ишијасот, не со пиењето!
-
Јункер: Треба да ја исклучиме драмата од односите меѓу ЕУ и САД



