| четврток, 6 декември 2018 |

Инциденти на избирачките места во Струга

Две прекршувања на изборниот процес во Струга регистрирал Секторот за внатрешни работи од Охрид во вториот круг од локалните избори.

Двата настани се случиле во селото Радолишта, според портпаролот на Секторот, Стефан Димоски.

lokalni-izbori2-glasanje02

– Во првиот случај се работи за 24-годишен албански државјанин кој околу 11 часот и 10 минути се обидел да гласа со македонски документи на избирачкото место 1876. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за злоупотреба на избирачко право. Во соседното гласачко место 18 77 околу 11 часот и 44 минути физички е отстранет набљудувач (од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ) од страна на избирачкиот одбор во тоа место – информира Димоски.

Според последните информации од Општинската изборна комисија во Струга, до 13 часот излезноста на гласачите е 33,08 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top