Лошиот здив некогаш умее да не’ доведе во многу непријатна ситуација. За среќа, постои бесплатен и брз начин да се решите од тој проблем за многу кратко време.
Ви го претставуваме овој рецепт кој дејствува веднаш!
Потребни состојки:
- ½ мала лажичка цимет во прав
- ½ голема лажица мед
- 2 лимони
- 200 мл топла вода
Подготовка:
Во еден сад ставете ги циметот и медот и прелијте ги со 200 мл топла вода. Мешајте додека медот не се растопи и потоа додаjте го сокот од лимон. Измешајте ја целата смеса уште еднаш, префрлете ја во тегла со капак и ставете ја во фрижидер. Со течноста темелно исплакнете ја усната шуплина и не плукајте ја бидејќи истата е многу хранлива. Постапката повторете ја кога и да сметате дека ви е потребно.
Примена:
Циметот и лимонот ја дезинфицираат усната шуплина и ги убиваат бактериите кои предизвикуваат непријатна миризба, а медот ѝ дава на течноста пријатен вкус.
Покрај тоа што ќе ви го реши проблемот со непријатниот здив, оваа комбинација е одличен борец против вирусите и настинките, бидејќи го зајакнува имунитетот и дејствува како антиоксиданс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.