На сите им се случува понекогаш да имаат лош здив, но некои луѓе многу почесто се сретнуваат со овој проблем одошто други. Гумата за џвакање може да ви помогне, но само на кратко.
Ако имате проблеми со лош здив, миењето на заби е важно, но не најважно.
Еве што треба да направите:
Главен проблем е јазикот
Според бројни истражувања главен проблем при лошиот здив е јазикот. Тој зазема голем дел од усната шуплина и претставува идеална средина за размножување на бактериите.
Научниците од Јапонија откриле дека токму наслагите на јазикот најмногу влијаат на појавата на лош здив, а истите се наобилни рано наутро.
Како да се ослободите од лошиот здив:
1. Одржување хигиена на јазикот.
Јазикот можете да го чистите со четката за заби, но многу подобро решение се специфичните четки кои имаат специјални набори направени за таа намена.
2. Користете забен конец најмалку двапати дневно
На тој начин ќе се ослободите од ситните парчиња храна кои навлегуваат меѓу забите и предизвикуваат појава на лош мирис.
3. Пијте доволно вода
Недоволната количина на вода предизвикува таложење на наслаги храна заедно со бактерии. За да се ослободите од лошиот здив најдобро е редовно да ја хидрирате устата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.