| четврток, 6 декември 2018 |

Ако сѐ уште не сте добиле на лото, еве каде грешите

Играњето на среќни комбинации на лото кои се состојат од датуми на раѓање и од годишнини, гарантирано ќе ви ја намали добивката на лото. Имено, според истражувањата кои ги објавиле научниците од универзитетот во Ротердам и во Амстердам, како и Економскиот факултет во Нотингем, е потврдено дека   најголемиот број луѓе кои редовно уплаќаат ливчиња лото ги избираат токму таквите комбинации.

Истражувањето „Намбер приференсис ин Лотариес“, покажа дека поголемиот број луѓе не ги избираат комбинациите случајно, туку се користат со комбинации меморирани во долгорочното паметење.

-По анализата на уплатените ливчиња, од кои прегледавме пет милиони, утврдивме дека поголемиот број луѓе уплаќаат комбинација која се состои од бројки сочувани во долгорочната меморија, односно поголемиот број преферира комбинација која вклучува годишнини, родендени и слично – велат научниците.

Лаички поголемиот број кобинации се состои од броеви меѓу 1 до 12 односно од 1 до 31, а ретко кој ги избира броевите над 32. Истражувањето покажа дека најчесто биран број е 11, кој беше воочен во 16,5 проценти од комбинациите, а најретко бројот 37, кој бил избран во само 10,3 проценти од случаите.

Од истражувањето во „Лост“ е утврдено дека повеќе од 3.200 пати се изиграни броевите 4,8,15,16,23 и 42, што е комбинација од популарната серија.

-Не постои теорија или комбинација на броеви кои на лотарија би донеле најголема добивка. Статистички, секој број, т.е. која било комбинација има еднаква шанса за победа. Поголемиот број луѓе избираат броеви според некој пример, а факт е дека тој е мошне сличен со нив – тврдат научниците.

Дефинитивно, поголеми се шансите неколку луѓе да имаат иста комбинација и добивката да се дели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top