Дождот кој од раните утрински часови, непрекинато повеќе од 10 часа паѓа во Битола и битолско ги предизвика првите проблеми, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, регионално одделение Битола.
Димче Јошевски, раководител на одделението на Дирекцијата за заштита и спасување, во изјава за МИА истакна дека водата во реката Драгор се изли во населените места Горно и Долно Оризари, а проблеми има во неколку пелагониски села.
– На итната седница на општинскиот Штаб за заштита и спасување донесовме мерки за брзо справување со надојдените води во реката Драгор кои се излеаа во населбите Горно и Долно Оризари и во селото Лера, но проблеми има и во неколку други села. Ангажиравме механизација, багери и други ресурси за превентивно делување. Потенцијала опасност може да биде и високото ниво на Црна Река која сега е на висина од 3,60 метри, но по 24 часа се очекува зголемување на нивото и на оваа река, изјави Јошевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


