| четврток, 6 декември 2018 |

Во Москва средба Асад – Путин

putin

Претседателите на Русија и Сирија, Владимир Путин и Башар ал Асад вчера ги продолжија преговорите во Москва, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Синоќа во работна посета на Москва беше претседателот на Сириската Арапска Република, Башар Асад. Се одржаа преговори меѓу двајцата лидери во потесен и во поширок состав со учество на високи функционери на Русија – рече Песков.

Путин бил информиран од Асад за ситуацијата во Сирија и за перспективите за понатаму.

Песков нагласи дека на средбата било разговарано и за текот на руската воена операција во Сирија, борбата против терористите во земјата и за различните аспекти од билатералните односи.

Ова е прва посета на странска земја на Асад од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top