| четврток, 6 декември 2018 |

Високи службеници на ОН обвинети за корупција

Федералниот суд во Менхетен синоќа поднесе официјални обвиненија за корупција против петмина високи службеници на ОН, јави ТАСС.

obedineti-nacii-600x360

Меѓу обвинетите за учество во коруптивна мрежа е и поранешниот претседавач на Генералното собрание на ОН и постојан амбасадор на карипската држава Антигва и Барбуда во Светската организација, Џон Еш.

Еш, кој претседаваше со Генералнот собрание на ОН во 2013 година и vo 2014 година, беше приведен на 6 октомври во неговиот дом во Њујорк.

Според судот, 61-годишниот Еш се обвинува дека примил повеќе од 500.000 долари мито од кинескиот претприемач Нглап Сан, со цел да му „излобира“ поддршка од ОН при изборот на најповолен изведувач за изградба на Конференциски центар на Светската организација во кинескиот автономен регион Макао.

Судот тврди дека Еш ги примил овие пари кон крајот на август минатата година, кога учествувал на една конференција во Кина.

Против Нглап на 6 октомври беа поведени обвиненија за давање поткуп и за посредување при поткуп, но се очекува дополнително да биде обвинет и за перење пари. Со истите обвиненија може да се соочи и неговиот помошник Џеф Ин.

Според американскиот суд, сите овие незаконски договори и трансакции биле вршени во периодот од 2011 година до 2014 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top