| четврток, 6 декември 2018 |

Австриски „Текспорт“ ќе гради фабрика во Општина Илинден

Druck

Во економската зона Марино-Кадино во општина Илинден денеска ќе биде поставен камен темелник за почнување со градба на нов објект на австриската компанија од текстилната индустрија „Текспорт“.

Компанијата се занимава со производство на текстилна заштитна облека, а во општина Илинден ќе гради фабрика на површина од 4.500 квадратни метри.

Вкупната инвестиција, според инвеститорите, се проценува на 3,5 милиони евра, а се очекува да се отворат 400 работни места.

На отпочнувањето на гредежните работи ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и Отмар Шнајдер, сопственик на компанијата „Текспорт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top