Во извештај од 2009 година, кој го објавил Националниот институт за здравје и нега, кој бил ажуриран во март, се наведува дека половина од препишаните лекови не се земаат правилно, пишува „Дејли меил“.
Не ги затворате очите после ставањето на капки
Најголемата грешка која луѓето ја прават е кога не ги затвораат очите откако ќе стават капки, вели професорката Франческа Кордеиро, консултант офталмолог.
„Притискање со прстот на внатрешниот канал на окото околу две минути е идеално – после ставањето капки се затвора солзниот канал и така спречува течноста да дојде во грлото. Ако можете да ги почувствувате капките, значи дека се во вашето грло и тоа значи дека сте го изгубиле поголемиот дел од дозата“, вели таа.
Повеќето луѓе го пијат овој лек кога имаат главоболка или чувствуваат болки во градите. Советот е да се зема со храна, за да се спречи оштетување на желудникот.
Но, ова е грешка, смета гастроентерологот Ингвар Бјарнасон, бидејќи тогаш на лекот му се потребни 45 минути за да делува. „Ако земате лек за главоболка, сакате болката да исчезне што побрзо. Ако го земате на празен стомак, ќе го почувствувате дејството за 15 минути“, вели докторот.
Откако ќе ставите спреј во носот, несвесно го шмркнувате
Обично, луѓето откако ќе стават спреј во носот, несвесно го шмркнуваат. „На тој начин спрејот се повлекува во задната страна од грлото и практично го јадете. Ова е една од најчестите причини зошто спрејот не делува“, вели Софи Фарук, консултант за алергии. Таа вели дека треба правилно да дишете откако ќе вбризгате капки. Друга грешка која ја прават луѓето, е да ја затворат едната ноздра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.