| четврток, 6 декември 2018 |

Де Ниро како Аркан, Ева Мендез како Цеца

Холивуд одлучи да сними филм за контроверзниот командант на Српската доброволна гарда Жељко Ражнатовиќ Аркан. Филмот инспириран од животот на Аркан ќе се вика „Скокот на тигарот“. Остварувањето ќе се снима според книгата „Аркан“ на Владимир Ѓорѓевиќ во соработка со продукциската куќа „Синема кафе“ (Cinema Cafe), пишува српски „Информер“.

Иако филмот е инспириран од ликот и делото на Аркан, нема веродостојно да го прикажува. Станува збор за акција која го следи реалниот живот на мафијата и нивните криминални активноси, како што своевремено направиле „Скарфејс“ и „Кум“.

– Во нашата приказна ќе се осврнеме на односот на главниот јунак со тогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ и со сопругата која е пејачка. Де Ниро е многу заинтересиран за овој проект, сака да го игра Слободан Милошевиќ, а Цеца треба да ја игра Ева Мендез – рекол Ѓорѓевиќ.

Снимањето почнува во 2016 година и ќе се снима во Србија, Шведска, САД и Црна Гора, која е замена за Грција.

Ѓорѓевиќ вели дека направиле кастинг во САД, на кој имало повеќе од 1.000 актери, а дури 400 од нив се пријавиле за главната улога.

Буџетот е 7,5 милиони долари, а продуцентите се надеваат на голем успех на филмот во источна Европа и на рускиот пазар.

Кој ќе го игра Аркан не е одлучено, но за таа улога биле заинтересирани многу славни актери како Бранислав Лечиќ, Сергеј Трифуновиќ и Петар Стругар. По завршениот кастинг ќе се одлучи дали Аркан ќе го игра српски или американски актер, навел авторот на книгата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top