Максим Бехар назначен за претседател на Меѓународната консултантска организација за комуникации.
Бехар е светски признат експерт за односи со јавност, главен и извршен директор на водечката бугарската консултантска компанија „M3 Communications Group“ и директор на претставништвото за Чешка на „Hill+Knowlton Strategies“
Тој е потпретседател на Меѓународна консултантска организација за комуникации од декември 2013 година, заедно со претседателот на ICCO Дејвид Галагер, Постар Партнер, главен извршен директор и претседател на
Europe&Chairman од Лондон. Тој порано бил благајник на ICCO, позиција на која работел три години.
Бехар беше назначен на новата функција за време на состанокот на бордот на директори на ICCO, на 10 октомври оваа година.
– Максим поседува големо искуство, дипломатски способности и внесува неверојатна енергија во сè што работи, неговата желба и страст за работа е заразна. Многу новитети се на повидок во ICCO – изјави Дејвид Галагер за време на самитот.
Френсис Ингам, извршниот директор на ICCO, додаде: -Максим живее за овој бизнис и меѓународните односи со јавност. Неговата посветеност на нашата индустрија, неговата пасија за иднината на компанијата го прави идеален кандидат за позицијата претседател на бордот на директори на ICCO. Под негово водство, компанијата ќе оствари уште поголем напредок- истакна Ингам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



