Приватната електронска пошта на директорот на ЦИА Џон Бренан ја хакираше еден средношколец, и американските власти ги истражуваат наводите дека тинејџерот влегол во листата на контакти, список на телефонски повици и други документи на првиот човек на разузнавачката агенција, пренесе „Танјуг“.
Од ЦИА потврдија дека истрагата е во тек, но не прецизираа дали дошло до хакирање на личната е-пошта на Бренан.
– Ние сме свесни за извештаите што се појавија на социјалните мрежи и го проследивме предметот до надлежните органи – се наведува во соопштението на ЦИА.
Хакерот на социјалните мрежи тврди дека упаднал и во личната електронска пошта на американскиот секретар за внатрешна безбедност Џеј Џонсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?
-
Анкара издаде налог за апсење на поранешен агент на ЦИА



