Материјална штета од околу 10 илјади евра претрпел 26- годишниот И.Х. од тетовското село Гајре, откако неговиот роднина Ќ.И.(69) од истото село, под засега неутврдени околности, предизвикал пожар во неговата куќа, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, опожарен е покривот на куќата, целата покуќнина на приземјето и катот, а оштетени се и sидовите и фасадата на објектот.
Со интервенција на тетовските пожарникари и на мештаните, за кусо време пожарот бил локализиран. По извршениот увид полицијата го привела Ќ.И. и по извршениот разговор тој бил пуштен.
Надлежните работат на утврдување на причините и сѐ друго поврзано со пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.