Хрватската Влада е подготвена да почне со изградба на ограда на границата со Србија и доколку почне со реализација на овој план за справување со бегалската криза, работите ќе траат околу две недели, пишува весникот „Јутарњи лист“.
Според информациите на загрепскиот весник од извори во Владата, плановите за оградување на границата постојат одредено време и откако пропаднал „планот Ц“, се е подготвено за „планот Д“, кој опфаќа подигнување ѕид на српската граница за 14 дена.
– Доколку Словенија или Австрија драстично го редуцираат приливот на мигрантите, нам не ни преостанува ништо друго, освен да го ограничиме бројот на лицата кои пристигнуваат од Србија. Во тој случај изградбата на оградата би траела неколку недели, бидејќи на некои делови од границата работите би биле потешки поради природните препреки- појаснува изворот од Владата.
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ претходно порача дека кревањето на ограда меѓу Хрватска и Србија, со цел да се спречат бегалците е „последно од последните решенија“ и дека изградбата на ѕид го смета за „грдо и погрешно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска



