| четврток, 6 декември 2018 |

Пристигнува вистинско заладување, а и снегот

време

Од утре, среда, нашето подрачје ќе биде под влијание на постудена воздушна маса која ќе ни го донесе и првото „вистинско“ есенско заладување. Температурата ќе биде пониска во среда за околу 6°С во однос на вторник и ќе има вредности од 15°С до 17°С во повардарскиот регион и околу 14°С во котлините од западниот крај, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Метеопро.мк.

Најстуден ден неделава ќе биде четврток. Низ котлините од северниот и западниот дел од земјава максималната температура ќе има вредности околу 10°С, а во југоисточниот крај од 12°С до 14°С.

Сосема минимален и постепен пораст на температурата се очекува кон петок и сабота, но и понатаму максималната температура во земјава останува под вредност од 17°С.

Во однос на времето, се очекува облачно и врнежливо време, пред се во среда попладне, четврток во текот на целиот ден и во петок во првата половина од денот. Поголема количина на наврнат воден талог се очекува во јужниот и западниот крај.

Високите планински врвови во шарскиот предел  го очекуваат и првиот снег за оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top