Стриите се видливи линии на површина на кожата, а најчесто се појавуваат на стомакот, задникот и на градите. Тие може да ја намалат самодовербата кај жените, но за среќа, постојат и одредени природни начини со кои можеме да го намалиме нивниот изглед.
Нашите баби имале и тоа како одлични и проверени природни рецепти за најразлични болести и аномалии на кожата, а оваа што ви ја препорачуваме е едноставна и со одличен проверен ефект кој дејствува во нивно значително намалување.
Станува збор за сок од компир.
Сокот од компирот е одличен природен лек против стриите, бидејќи содржи витамини и минерали кои ги поттикнуваат растот и обновата на ќелиите.
-Компирот насечете на подебели тркала и со него тријте го подрачјето неколку минути, водејќи сметка сокот од компирот да ги „прекрива“ стриите. Почекајте сокот да се исуши и исперете со млака вода. Можете и да го нарендате компирот и со него да направите облоги на подрачјето со стрии.
Тие што го пробале велат дека е потребна упорност и секојдневно повторување на третманот, но и дека ефектите се повеќе од добри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.