| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона нуди цело богатство за Миралем Пјаниќ

Босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ игра одлична сезона во дресот на Рома, и не случајно големите европски гиганти се заинтересирани да го доведат во своите редови.
Шпанските Реал Мадрид и Барселона веќе подолго време го следат овој фудбалер и се имрепсионирани од неговата игра на теренот.
Цената на Пјаниќ на фудбалскиот пазар изнесува повеќе од 40 милиони евра, па така тренерот на Барселона Луис Енрике побарал од управата на клубот да ја издвои оваа сума за испраќање официјална понуда до „римската волчица“ и доведување на фантастичниот фудбалер од средината на теренот.
Сепак покрај Барселона и Реал Мадрид и некои клубови од островото ќе влезат во битка за услугите на Пјаниќ што значи дека Рома би можела и да ја подигне цената за дополнителни 10 милиони евра.

Пјаниќ има договор со „волчицата“ до 30. јуни 2018 година, и многу е веројатно дека тој наскоро ќе ја промени средината и ќе се пресели во некој европски гигант. Тој е дел од Рома веќе пет сезони, и досега одигра на вкупно 152 натпревари, постигнувајќи 22 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top