За три дена во Радовиш беа изедени 35 илјади самуни на манифестацијата „Самун ем татлија“ која се одржува по третпат.
Според организаторот, имало рекордна посетеност на гости од околните градови и целата Република. За тоа сведочи и бројот на продадени сомуни и татлија.
Одличните Харис Џиновиќ, Каролина, Тамара, Тумбао салса бенд, Уска Кан и другите направија одлична атмосфера, во саботата на концертот на Харис Џиновиќ – колони со возила се упатуваа кон Радовиш.
Во саботата атракција беше „Мега самунот“, потоа натпреварите во најбрзо јадење на самун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.