Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер останува во притвор во затворот Реметинец, откако Вонрасправниот совет на Жупанискиот суд денеска отфрли уште една понуда на одбраната, која минатата недела понуди седум недвижнини како кауција за неговата одбрана од слобода.
Како што наведува агенцијата „Хина“, засега не се знае поради што е одбиени ова барање на одбраната на Санадер.
Одбраната на Санадер во четвртокот понуди седум нови недвижнини, чии сопственици, меѓу останатите, се и поранешниот претседател на хрватскиот Сабор, Лука Бебиќ, како и некогашните пратеници на ХДЗ, Јерко Рошин и Марио Зубовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.