| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Проектот „Македонија вработува“ отвори преку 7.400 работни места

Според последните бројки, заклучно со денешниот ден, има повеќе од 7.400 новоотворени работни места, откако започна да се реализира проектот „Македонија вработува“ информира министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

spasov 2

 

Појасни дека за источна Македонија има околу 1.600 отворени работни места, од кои во Штип околу 420 нови работни места, Кочани има околу 460 нови работни места… ­

– Ова е успешен проект кој им помага на македонските компании и на македонските граѓани кои се невработени и бараат работно место – истакна Спасов, одговарајќи на новинарско прашање за ефектот што го дава овој проект, при посетата на Карбинци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top