Барселона в саботата во рамките од Примера дивизија, го декласиреше Рајо Валјекано на „Камп Ноу“ со 5-2.
Главна заслуга за тоа има бразилскиот напаѓач Нејмар кој постигна четири гола. Иако главниот играч Меси отсуствува од тимот поради повреда, сите работи во свои раце ги презема Нејмар.
Пред овој натпревар се шпекулираше дека Нејмар има намера да си оди од тимот по завршување на договор, и дека двете страни се многу далеку од потпишување нов, што предизвика загриженост кај навивачите на каталонскиот гигант.
Во англиските медиуми се појавија информации дека токму Нејмар ќе биде новото засилување на Манчестер Јунајтед за следната сезона, и затоа фудбалерот одлоговлекува веќе два месеци со потпишување нов договор.
Сепак Бразилецот ги смири своите фанови и најави на продолжување на соработката.
– Преговорите почнаа. Ми остануваат уште многу години договор овде. Сигурно ќе потпишам нов, бидете мирни. Навивачите мора да останат мирни – истакна Нејмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)