По разделбата со Ирина Шаек, Кристијано Роналдо долго време беше забележуван да се забавува само во машка компанија, но ете, конечно ѕвездата објави фотографија, на која е во друштво на дама и тоа една од најсексапилните во светот. Вчера 30 годишниот фудбалер објави фотографија со топ модел, шармантната Алесандра Амброзио со натпис:
– Прекрасно ми беше да работам со ова ангелче! Одлично си поминавме !!
Пред околу еден месец се појавија информации дека Роналдо добил улога во филм. Португалските медиуми тогаш открија, дека идолот на милиони, ќе учествува во новиот филм на Мартин Скорсезе „Манипулатор“.
Заедно со Кристијано во оваа продукција ќе учествува и прекрасната Алесандра.
Подоцна Кристијано објасни дека вчера имал фото сесија со убавицата и го пушти ова видео.
Погледнете го видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.