Претседателот на Украина Петро Порошенко ќе мора формално да ја разгледа иницијативата на граѓаните и да го именува Дарт Вејдер за новиот украински премиер.
Петицијата за да Дарк Вејдер стане украински премиер на интернет сајтот на претседателот уште на 8 септември ја поднел „Мастер Владимирович Јода“, а досега ја потпишале повеќе од неопходни 25 000 граѓани.
Дарт Алексејевич Вејдер е инаку ветеран на украинската политика кој со години ја води интернет партијата на Украина, кандидирајќи се неколку пати за различни позиции, а минатата година дури и за претседател на државата.
Вејдер ветува дека проблемите на Украина ќе ги реши со средствата на неговиот филмски имењак, лошиот водат во серијалот „Војна на ѕвездите“, така што помеѓу останатото, ќе изгради моќно вселенско оружје, ќе ја потпомогне украинската економија и војската која се бори на истокот на државата со проруските сили, а ќе воведе и „сит јазик“ како официјален.
Најголемата препрека во неговата кариера било официјалното барање да ја тргне црната маска и да го покаже лицето поради идентификација. Претходните одбивања да го стори тоа послужиле како формален изговор на изборните комисии да не го ставаат на изборната листа на кандидатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.