Вчера во рамките од деветтото коло во Бундеслигата актуелниот шампион Баерн Минхен слевеше минимално со 1-0 на гостувањето кај Вердер во Бремен и со тоа го заджра стопроцентниот учинок од девет победи.
Единствениот гол го постигна Томас Милер, а главната ѕвезда во тимот Роберт Левандовски во изминатиов месец, иако не постигна гол е задоволен од победата.
– Крајно сум задоволен од освоените три бода на дуелот против Вердер. Не може секој натпревар да се одигра совршено – изјави Левандовски.
Тој додаде дека Вердер одиграл одлично во одбраната и дека се бранел во текот на целиот натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.