| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Маркез е победник на трката во Австралија во МотоГП шампионатот

Актуелниот шампион во МотоГП шампионатот, младиот шпански мотороциклист Марк Маркез на драматичен начин победи на денешната трка во Австралија што се возеше на патеката Албрт Парк. Иако веќе ги загуби шансите за одбрана на титулата, Маркез најави фантастична следна сезона.
Ја освои пол-позицијата, но имаше лошо возење по што Хорхе Лоренцо изби на првото место. На два круга до крајот, Јаноне ги мина Валентино Роси и Маркез и изби на второто место, и кога се мислеше дека Лоренцо ќе дојде до уште победа, Маркез најпрвин успеа да го мине Јаноне, за во последниот круг со манир на голем возач дојде до првото место.
Тоа беше јубилејна 50.победа на Маркез во својата кариера. И ако се знае дека тој има само 22 години, тоа значи дека уште многу пати во неговата кариера ќе се искачува на победничкиот пиедестал.

Лоренцо на крајот мораше да се задоволи само со второто место, Јаноне беше третопласиран, додека Валентино Роси ја заврши трката само на четвртата позиција. Сепак, „докторот“ Роси се уште е водечки во генералниот пласман од Мото ГП шампионатот со 296 бода, пред Лоренцо со 285 и Маркез со 222. До крајот на Мото ГП има само уште две трки, во Малезија и во Валенсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top