Голем скандал ја тресе Германија и светскиот фудбал доколку се докаже дека Германија ја купила организацијата на Светското првенство во 2006 година.
Како што пишува весникот „Шпигел“, ова би можело да биде најголемиот скандал во германскиот фудбал уште од местењето на натпревари во Бундеслигата, во 70-те години од минатиот век.
Имено се започнало во 2000 година кога првиот човек на Адидас Ричард Драјфус кој почина во 2009 година во очи донесувањето на одлуката за домаќин на Светското првенство во 2006 година појзамил повеќе од шест милиони евра на Фудбалската федерација на Германија.
Проблемот станал кога на 18 месеци пред почетокот на СП, Луис-Драјфус побарал да му биде вратена сумата од 6,7 милиони евра. Челниците на организациониот комитет беа легендарниот Франц Бекенбауер и Волфган Нисбах, кој е актуелен претседател на Германската федерација.
Во прикривањето на целиот случај наводно учествувала и ФИФА. Германците споменатата сума ја уплатиле на сметката на ФИФА во Женева, со образложение дека тие пари ќе бидат искористени за церемонијата на свеченото отворање. Весникот пишува дека ФИФА тие пари веднаш му ги префрлила на Луис-Драјфус.
Епилогот е дека Германија парите ги употребила за да обезбеди четири гласови на азиските претставници во Извршниот комитет на ФИФА, кој брои 24 членови. Азиските претставници гласале исто како и европските, единствено Чарлс Демпси се откажал од гласањето и Германија со 12:11 ја доби организацијата на Мундијалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.