Новиот менаџер на Ливерпул, Германецот Јирген Клоп, остана непорезен во свето деби во дерби натпреварот против Тотенхем на „Вајт харт лејн“.
Иако мечот заврши без голови, Ливерпул покажа солидна игра имаше повеќе удари кон голот на Уго Лорис, но Тотенхем ја контролираше играта на средината на теренот.
Сепак Клоп ќе мора уште многу да работи на реализацијата во нападот бидејќи повторно неговите напаѓачи не беа на висина на задачата. Ориги имаше шанса да го отвори резултатот уште во десеттата минута, но гредата го спаси голот на Тотенхем.
На спротивната страна Хари Кејн имаше можност но не успеа да ја искористи, па на крајот дуелот заврши без голови и со поделба на бодовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.