Утре од 12 до 14 во Спортската сала „Борис Трајковски“ за првпат ќе се одржи манифестацијата „Спортски игри и семејните вредности“, која е во организација на Агенцијата за млади и спорт, Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и Сојузот на спортски федерации на Македонија.
Целта на овој настан е преку спортот да се зајакнат семејните врски, дечињата повеќе време да поминат со своите родители и да спортуваат заеднички.
Организаторите ветуваат многу забава, игри, дружење и награди, а целокупниот настан ќе го води познатиот детски водител Ивце Пивце со веселата дружина. Родителите и дечињата ќе имаат можност во повеќе од 20 друштвени игри да си ги одмерат силите и да се дружат со наши познати спортисти.
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од неодамна е мултифункционален, со што истовремено ќе може да се одвиваат повеќе спортски активности на едно место и родителите со нивните деца заеднички ќе се дружат, забавуваат и спортуваат.
Покрај стандардните спортови кои што нормално се практикуваат центарот, како фудбалот, кошарката, ракометот и тенисот, истовремено најмладите и нивните родители ќе имаат можност да се забавуваат и со други друштвени игри од типот на влечење јаже, фрлање хулахоп, скокање во вреќи…
Натпреварите ќе бидат од ревијален карактер, а за најдобрите натпреварувачи ќе следуваат и симболични награди.
Ако еден член од семејството тренира, спортува или рекереира во Центарот останатите членови од семејството добиваат бенифицирани цени.
Сите оние кои сакаат да спортуваат и да се забавуваат вo недeла Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ ги очекува, влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.