| четврток, 6 декември 2018 |

Сиромаштијата во светот може да се искорени за 15 години

Светот е во состојба да ја искорени сиромаштијата на глобално ниво во следните 15 години ако владите донесат тешки одлуки и усвојат реформи со кои ќе се поттикне економски раст, изјави синоќа претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким.

– Државите треба да инвестираат во својот народ и да им обезбедат финансиска безбедност за да не бидат сиромашни, изјави претседателот на СБ кој се наоѓа во Гана на одбележување на меѓународниот Ден против сиромаштија.

Ким вели дека Светска банка сака да биде подобрен животниот стандард ширум светот и поради тоа има две цели – искоренување на сиромаштијата до 2030 година и поттик на економскиот просперитет во државите во развој.

Според него, искоренувањето на сиромаштијата е исклучително тешко особено во време на слаб економски раст во светот, ниски цени и нерешени ситуации со зголемување на каматните стапки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top