Социјалните мрежи станаа многу важен дел од нашите животи и живееме во време кога толку многу информации од приватниот живот ги споделуваме со другите луѓет кои никогаш не сме ги запознале во живо.
Во животот всушност е најдобро да се биде свесен кои ни се вистинските пријатели кои искрено се интересираат за нас.
Затоа за некои ова навлегување во приватноста можеби е и премногу напорно, па неретко се среќаваме со луѓе кои ги кријат своите родендени од Фејсбук.
Еве што се случува кога нема да го откриеме нашиот роденден на најпопуларната мрежа во светот.
1. Луѓето на кои им значите самите ќе се сетат дека ви е роденден
Обично кога на вашиот профил ви се гледа роденденот, веќе од 12 часот започнувате да бидете бомбардирани со честитки и пораки.
Сепак, оние кои ве познаваат вистински и на кои навистина им значите, ќе се сетат и без социјалните мрежи, а ќе се изненадите што тоа можат да бидат и луѓе со кои не сте разговарале долго време баш поради тоа што немаат Фејсбук.
Прекрасно е да знаете дека на некој сте му паднале на памет и без потсетниците од Фејсбук.
2. За својот роденден всушност ќе ги правите работите кои ги сакате
Кога ви се исклучени нотификациите од Фејсбук, помалку ќе поминувате време на него.
Ако никој не ви го честита роденденот на Фејсбук, тој ден нема постојано да го проверувате телефонот и компјутерот и ќе ги правите работите кои навистина ги сакате.
3. Ќе избегнете краткотрајна среќа
Роденденските честитки на Фејсбук можат да ве усреќат на неколку секунди, но ако тој ден се опкружите со луѓето кои ги сакате, тоа ќе ве исполни најмногу.
Вистинската и искрена сатисфакција не доаѓа од социјалните мрежи.
4. Ќе ја почувствувате својата поврзаност со светот
Кога ќе се препуштите на модерните технологии, ја губите конекцијата со реалниот живот. Ако премногу му давате значење на тоа како другите луѓе ќе изреагираат за вашиот роденден на Фејсбук и на тоа кој се ви честитал, а кој не, никогаш нема да бидете целосно среќни
. Сепак, кога ќе заборавите на сето тоа и се препуштите на реалноста, ќе бидете во целост исполнети.
5. Ќе се цените повеќе себе си
Кога ќе се одлогирате од социјалните мрежи, ќе се видите себе си со други очи и ќе бидете позадоволни од себе.
Ќе ги цените работите кои се навистина важни, а не колку пријатели ви го честитале роденденот на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.