Сезонава во НБА лигата ќе игра и вториот кошаркар кој оставил голем белег во македонската кошарка. Американецот со македонски пасош Лестер Бо Мекејлеб потпиша договор со Њу Орлеанс Пеликанс.
Меѓу првите кои му честитаа на Бо беше и поранешниот македонски играч во НБА, Перо Антиќ кој на својот твитер профил му честита на својот „брат“.
Крилниот центар изминатите две години настапуваше за Атланта хокс, а летово реши да се врати во Европа, потпишувајќи милионски договор со турски Фенербахче. Антиќ и Мекејлеб беа лидерите на националниот тим, кој во 2011 дојдоа до четвртото место на Европското првенство во Литванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.