Искрено се надевам дека договорот од Пржино ќе биде применет и дека времето ќе биде испочитувано. Во спротивно може да се случи земјава да западне во голема криза, рече европратеникот Иво Вајгл по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Изјавата дадена од европратеникот Вајгл токму пред партискиот штаб се толкува како директна отворена порака до СДСМ.
– Не станува збор за пробивањето на поединечните рокови за ден или два, туку за контиунуираното спроведување на целиот процес, зошто тоа ќе биде корисно за сите и е во интерес на земјата. Секое непотребно одложување може да предизвика големи проблеми за државата – порача Вајгл.
Европратеникот дополни дека искрено се надевале дека со потпишување на договорот од Пржино кризата во државата е надмината и ги повика медиумите да вршат поголем притисок врз политичките партии за да се придржуваат до обврските од договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.