| четврток, 6 декември 2018 |

Гастарбајтерите Македонци слетаа во Охрид

aerodrom

Два чартер лета слетаа на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, денеска пред околу половина час.

Авионите со гласачи од дијаспората пристигаат за да гласаат на вториот круг од локалните избори. На аеродромот во Охрид за вчера беа закажани слетување на три чартер лета, два од Италија и еден од Швајцарија.

Вонредни чартер линии од европските дестинации има и на аеродромот во Скопје.

Како што јавува „Охрид прес“, Македонците од Струга кои живеат во Швајцарија преку социјалните мрежи се организираа да дојдат во родниот град за да можат да го дадат својот глас на вториот круг од локалните избори. Македонската заедница во Швајцарија за сите заинтересирани организираше бесплатен превоз од Женева, Швајцарија до Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top