Непознат сторител извршил кражба во дом на велешанец здобивајќи се со противправна имотна корист од околу 30.000 денари.
– Во периодот од 1 до 15 октомври годинава на ул.„Стеван Богоев“, во Велес, непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во куќата сопственост на Т.А.(21) од каде што одзел златен и друг вид накит, дигитални ресивери и пиштол „ЧЗ-75“ калибар 9 мм, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 30.000 денари, информираат од МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


