| четврток, 6 декември 2018 |

„Фолксваген“ ќе мора да повлече 8,6 милиони возила

2012 Volkswagen Beetle

Германската компанија што во своите возила вградувала софтвер што лажно го прикажувал нивото на загадување ќе мора да повлече и да сервисира над 8,6 милиони возила од пазарот.

Германската агенција за моторизиран транспорт (КБА) му предложила на „Фолксваген АГ“ доброволно и бесплатно да го смени спорниот софтвер како компромисно решение за проблемот кој што ја загрози компанијата и германската економија. Предлогот дошол откако минатата недела предложил низа мерки за надминување на проблемот.

Овој предлог предложен во Германија каде „Фолксваген“ има обврска задолжително да повлече 2,4 милиони возила, најверојатно, ќе биде основа за решавање на проблемите и во другите триесетина земји каде што е пронајден спорниот софтвер во над 3,6 милиони возила. Во Европа речиси половината од возилата на фирмата се со спорните дизел мотори. Остатокот од возилата во најголем дел се продадени во САД и на пазарите во Азија.

Според планот „Фолксваген“ ќе мора до средината на ноември да предложи технички детали за начинот на кој ќе се решава проблемот по што КБА ќе ги тестира автомобилите за да се осигура дека поправките биле успешни. Најголемиот дел од операцијата за менување на софтверот на сите возила треба да заврши до крајот на идната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top