Турски воени авиони урнале неидентификувано летало кое го нарушило воздушниот простор на Турција во близина на сириската граница. Информацијата ја објави Би-Би-Си повикувајќи се на дипломатски извори од Турција. Во првичната информација нема повеќе детали за воздушниот инцидент. За сега не е познато чиј бил урнатиот авион, ниту каква е судбината на пилотот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.