Какава и да е нивната магија што ја шират, се чини дека секој маж што имал близок однос со некоја од нив има големи и сериозни проблеми.
Роберт Кардашијан
Крис била во брак со Роберт Кардашијан 13 години, а во 1991 година се развела и се омажила за Брус Џенер. Роберт почина во 2003 година од рак, а негови деца се Клои, Ким, Кортни и Роберт.
Роберт беше познат како адвокатот што го бранел О.Џеј Симпсон во телевизиски проследениот случај на убиство во 1995 година.
Ламар Одом
Иако, како што наведуваат светските медиуми, Клои и Ламар и ден денес се сакаат, неодамна е пронајден и податокот дека тие сепак не се развеле како што тврдеа со години.
Колку го боли Ламар тоа што не е со Клои зборува и тоа дека НБА-кошаркарот е хоспитализиран откако го пронашла проститутка како лежи без свест на под. За неговиот живот веќе неколку дена се борат докторите, а денес покажал дури и неколку знаци дека има надеж да закрепне.
Клои многу долго не комуницирала со него и тагувала поради тоа, како и сите членови на Кардашијан – Џенер семејството, па затоа секојдневно објавуваат пораки, молби, молитви и фотографии како би му испраќале позитивна енергија на Ламар.
Брус –Кејтлин Џенер
Крис и Брус беа долги години во брак, се сакаа, а од таа љубов добија и две ќерки Кендал и Кајли.
Но тогаш се случи тоа што никој не го сака, а тоа е разводот. Но кога малку подобро ќе размислите развод е ништо во споредба со тоа дека Брус решил да го смени полот и да стане Кејтлин.
Крис во една пригода кажала дека промените на кои се решил нејзиниот поранешен сопруг биле тешко прифатливи за семејството, но и дека сите излегле посилни од тоа искуство.
Скот Дисик
Кортни и Скот по долга врска решиле да раскинат и стават точка на нивната долгогодишна љубов. Имено, Скот отсекогаш имал проблем со жените, алкохолот и дрогата, а Кортни не можела тоа повеќе да го издржи. По раскинувањето и сознанието што се случило со Ламар, Скот неодамна се пријави на одвикнување по четврти пат.
Последен пат на клиника бил во март оваа година, но излегол пред крај на третманот. Не долго по тоа Кортни реши дефинитивно да раскине со него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.