Прво почина Станојло, па Слободан. После нив починаа Стојан и Свето. Низ селото почнаа да се шегуваат, но тогаш почина и Столе. Тогаш престанаа вицевите и луѓето почнаа да се плашат.
Во последните три месеци во српското село Грорно Кординце починаа пет мажи и на секој од нив името му почнува со буквата „С“. По селото сега врти приказна дека мажите со име на „С“ се проклети.
– Еден мој пријател размислува да го промени името, а сите ние се трудиме да не го викаме по име, за да не го урочиме. Не верувам во тие работи, но не сакам ни да си играм со злото – влеи еден соселанин.
Во селото живеат дваесетина жители, а во просек сите се на возраст од 60 години. Разговорот на оваа тема го избегнуваат. Единствено Чедо (84) вели дека на секој ќе му дојде неговиот суден ден.
– Не е тоа поради буквата. Селото ни се испразни и децата не сакаат да останат овде, а ние што останавме логично е да умреме од старост. Некогаш имињата на „С“ беа во мода, па секој втор се вика Слободан – вели Чедо за српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.