| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб на голема врата се врати во родниот град Њу Орлеанс

Лестер Бо Мекејлеб ќе биде вториот македонски репрезентативец кој ќе игра во НБА лигата по Перо Антиќ и неговата двегодишна авантура во Атланта хокс.

По седум години откако замина од својот роден град Њу Орлеанс, Мекејлеб повторно се враќа во својот дом и тоа на голема врата во НБА тимот на Њу Орлеанс пеликанс.

Бо потпиша делумно загарантиран договор, со тоа што наредниот период ќе се бори за едно од последните две места во составот.

„Пресреќен сум затоа што добив повик од НБА клуб, а посебен шарм дава податокот дека тоа е клубот од мојот роден град Њу Орлеанс. Ме чека тежок предизвик, благодарен сум на укажаната шанса и подготвен сум да го дадам максимумот“ – вели Мекејлеб.

Тој би требало да биде замена за Норис Кол во составот на Пеликанс.

„Во Европа се игра квалитетно, но сепак НБА лигата е нешто врвно. Нема да ми биде лесно, но знам дека можам брзо да се адаптирам“, изјави еден од јунаците на македонската бајка во Литванија на ЕП 2011.

lester bo

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top