Колку пати ви се случило кафето кое сте го направиле пред неколку часа или сте го купиле во некој кофи-шоп да не го испиете до крај веднаш? После завршување на домашните работи или задачите на работа, сте испиле барем уште некоја голтка, но веќе не сте сигурни дали кафето е добро?
Одговорот зависи од многу фактори.
Ако е добро затворено и се наоѓа во фрижидер, млекото може да биде добро и една недела после отворањето. Ако кафето со млеко го оставите на собна температура подолго од неколку часа, фрлете го и направете си ново.
Свареното кафе може да го промени својот вкус веќе после 30 минути. После тоа имате од прилика четири часа пред маслата од кафето да се расипат, што резултира со лош вкус. Значи, најдобро е да го испиете кафето во рок од половина час.
Чистото црно кафе и после неколку часа е безбедно за пиење, иако веројатно нема да има еднакво добар вкус како кога е штотуку сварено. Доколку сепак одлучите да го испиете, претходно загрејте го во микробранова печка, бидејќи таа во голема мера ќе ги уништи сите бактерии кои се собрале во меѓувреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.