Актерката Сандра Булок (51) папараците ја фотографирале во друштво на новиот избраник Брајан Рендел (49) пред еден ресторан во Лос Анџелес.
Сандра и Рендал стоеле на паркинг во друштво на пријатели,а фотографите успеале да го фатат моментот кога двојката разменуваше нежност. Холивудската актерка и фотографот ја потврдија врската во август и веќе живеат заедно но извор близок до двојката открил дека Сандра и Рендал се забавуваат веќе подолг период.
Исто така, овој извор за РадрОнлајн.ком открил дека актерката сака со новиот избраник да стапи во брак и со него да ги воспитува нејзините деца.
Инаку, Сандра ги има синот Ли (5) и ќерка која неодамна ја посвои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.