Менаџерката на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ, по трагедијата целосно се повлече од естрадата. Живее во Ниш и произведува етерични масла и одгледува лаванда. Петровиќ вели дека редовно е во контакт со родителите на Тоше, но нивната тага не може со ништо да се излекува.
– Утеха им даваат нивните внуци Кристијан и Никола, синовите на постарата сестра на Тоше. Постариот Кристијан многу потсетува на Тоше и пее и свири – вели Петровиќ.
Обожавателите на Тоше последните денови почнаа да ја одбележуваат тажната годишница. Во Заводот за трансфузиологија во Загреб, на 3 октомври се одржа доброволно дарување на крв, а беа повикани сите оние кои го почитуваат и чуваат споменот за Тоше.
– Не поминува ден, а да не помислам на него. Поминувавме многу време заедно на патувања, концерти… Времето сè уште не ги залечи раните – изјави за „Јутарњи лист“ Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески.
Денес се одбележуваат осум години од смртта на Тоше Проески. Несреќата се случи на автопатот кај Нова Градишка, утрото во 6.20, кога „туарегот“ во кој се превезуваше Тоше удри во камион. На самото место загина младиот пејач, а неговата менаџерка и возачот минаа со полесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.