| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Очекувам граѓаните да излезат масовно, за да му дадат поголем легитимет на избраниот кандидат

Претседателот Ѓорге Иванов го оствари своето право на глас на и гласаше во гимназијата „Јосип Броз Тито“.Тој се надева дека зад нас ќе оставиме успешен изборен циклус, како и многупати до сега.
„Со денешниот втор круг на локалните избори очекуваме зад нас да оставиме еден успешно завршен изборен процес. Очекувам дека и овојпат граѓаните ќе излезат масовно за да им дадат поголем легитимет на тие што следните четири години ќе се грижат за локалните проблеми и локалните потреби на граѓаните.Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред како што доликува на земја кандидат за ЕУ,“ изјави Иванов.
ivanov-lokalni04
Тој додаде дека вообичаено е вечер победниците да слават, а поразените да размислат зошто добиле такви изборни резултати и да се подготват за следните избори.
„Демократијата е еден постојан циклус на учење, учествувајќи во неа,“ додаде претседателот Иванов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top